cPanel Login
You need to upgrade your Flash Player
Bypass the detection if you wish.
 

Вовед
Било која употреба на термините
"ние", "нас" или "нашата компанија" значи ПроХост, односно услугите кои ги нуди ПроХост. Било кое обраќање со “имател на сметка“ значи клиент. Сите сметки на нашите веб сервери се предмет на условите и околностите опишани во овој документ. Под услови на оваа спогодба (договор) вашето нарачка за хостинг на нашите сервери е ваше признавање дека сте ја прочитале, разбрале и се согласувате со овој договор.
Го задржуваме правото да го измениме овој договор без претходно известување.
Го задржуваме правото да го надгледуваме сајтот на било кој од нашите клиенти.

Употреба на сметката
Имателите на сметка се одговорни за нивната лична сметка со оглед на фактот дека ПроХост не може да биде одговорен за било каков губиток или оштетување на фајловите, датотеките или податоците кои ќе резултираат од тоа што имателот на сметка (клиентот) ќе дозволи трета страна да има пристап до неговата сметка.

Содржина
Складирање на противзаконски (нелегални) информации на било која сметка хостирана од ПроХост не е дозволено. Ваквите материјали може да вклучуваат
, но не се ограничени само на: лиценциран софтвер, програми, музички фајлови кои што не му припаѓаат на имателот на сметка (клиентот), порнографија и детска порнографија. Материјалите кои ги нарушуваат правата на одредена класа луѓе се исто така строго забранети (материјалите кои се навредливи за одредени класи на луѓе во етичка, национална, верска расна или друга карактеристична смисла, или содржат дискриминаторски изјави, се исто така строго забранети);
Исто така не дозволуваме складирање, пренос и дистрибуција на податоци заштитени со авторски права на трета страна. Ваквите материјали може да вклучуваат но не се ограничени само на
: авторски заштитени дела - книги, текстови, програми, слики, кодови (крекови) за софтвер, генератори на сериски броеви, или директни линкови за пристап до овие материјали.

Содржини за возрасни кои вклучуваат порнографија и други материјали со сексуална аконотација исто така не се дозволени на било кој сајт хостиран од ПроХост. Детската порнографија е строго забранета, точка. Било кој клиент што ќе стави ваков материјал на неговата/нејзината страна, вклучувајќи го тука и материјалот ставен на серверот, а необјавен на веб страната, ќе биде веднаш пријавен на соодветните органи на власта и ќе подлежи на законски санкции за тоа. ПроХост исто така ќе се подложи на соработка со секоја владина агенција која што ќе истражува одреден клиент во врска со претпоставки за детска порнографија.
Откривањето на вакви материјали ќе резултира со итно исклучување на сметката, без претходно известување на клиентот. Ако сметката е исклучена од ПроХост, сите дополнителни или идни сметки од истиот клиент ќе бидат исклучени исто така.

Јавна природа на интернетот
Ве молиме да примите до знаење дека сите информации внесени на страната ќе се сметаат за достапни на јавноста. Важните и приватни информации треба да бидат заштитени од вас, или да имате направено резевна копија на истите. На пример, не сме одговорни за заштита на приватноста на електронските пошти или други информации пренесени преку интернет или друг мрежен оператор што клиентот го користи. ПроХост ќе ви овозможи сигурен 128-битен клуч за вашата веб страна за информациите пласирани на веб сајтот за додатна цена.


Несакана Е-пошта
ПроХост има нула-толеранција, анти-спам полиса, според која праќање на спам или друга несакана комерцијална е-пошта од ПроХост серверот строго е забранета. Ова вклучува, но не е ограничено само на тоа, масовно испраќање на промотивни пораки и пропагандни материјали на било кои групи на општествената заедница, непожелна комерцијална пошта и листа на адреси кои не сакаат да примаат таква пошта.
Го задржуваме правото веднаш да ја деактивираме вашата сметка и да го спречиме понатамошното користење на нашите услуги ако откриеме вакви активности.
 

Обновување
30 дена пред да истече рокот за кој е закупена сметката, ПроХост ќе го контактира имателот на сметката. Имателот на сметка ќе ја има опцијата да продолжи да се хостира преку ПроХост или по истекот на тој месец да му биде откажана сметката. Ако имателот на сметка сака да да го продолжи договорот со Прохост, мора да се направи нов договор (самата порачка на наши услуги, и наше давање на нив према вас означува склучен договор) и на новиот да се назначи новата цена на закупената услуга во време на склучување на новиот договор а не таа што постоела во времето на првичниот договор склучен со ПроХост.
Веб страната ќе биде во функција додека не се склучи на новиот договор а клиентот искажал интерес за негово склучување, или додека заврши периодот за кој била активна сметка. По истекот на тие 30 дена, сите податоци од сајтот и сметката ќе бидат целосно избришани од нашите сервери и нема да биде можно нивно повторно враќање и употреба.

Откажување
Сметките можат да бидат откажени во било кое време. Откажувањата се прифаќаат откако клиентот писмено ќе го побара тоа од нас.
Откако ќе го потврдиме барањето за откажување, на клиентот ќе му се даде можност да ги прими сите фајлови од нивната сметка во рок од 30 дена.
Доколку клиентот ја одбере оваа можност, сите фајлови ќе бидат префрлени на оптички медиум од страна на ПроХост и ќе му биде испратен по пошта. Цената за оваа услуга е 600 денари без вклучен ДДВ од 18%.

Заштита на податоци
Бекапот спаѓа секогаш во одговорност на клиентот. ПроХост ќе се труди да прави повремени бекапи на фајловите што се во сопственост на сметката на клиентот, но не гарантира за сите видови на податоци што ќе бидат дел од сајтот во даден момент. Клиентите можат и самите да си направат бекап со помош на алатките за хостирање во контролната табла (контрол панел).

Корисничка обврска
Нашите услуги можат да бидат користени само со легални намери - секоја употреба на нашите услуги кои прекршуваат некој закон а на кој подлежи ПроХост, вие преку вашата локална судска  надлежност или било која судска надлежност на кои вие или вашата веб страна подлежи, е строго забрането.
Тоа значи дека додека ги користите нашите услуги, се обврзувате дека нема да објавувате или пренесувате било каква незаконска, заканувачка, злоупотребувачка, навредлива, порнографска, непристојна или на друг начин непожелна информација вклучувајќи без ограничување секој пренос на информација која може да охрабрува криминално дело или прекрши некој закон.
ПроХост го задржува правото на крајна одлука за тоа што означува злоупотреба.

Исто така, клиентот има обврска да ги почитува сите членови на нашиот тим или вработени во ПроХост.

Без гаранција
ПроХост не дава никакви гаранции за услугите кои ги нуди.
ПроХост не гарантира дека услугата ќе биде без прекини или грешки.
Во никој случај ПроХост не може да биде држен одговорен за било која директна, индиректна, посебна, казнена или консеквентна штета која резултира на било кој начин од употребата или неможноста за употреба на услугите кои ги нудиме, или пак од користењето на веб просторот кој го закупува некој наш клиент.

По желба
ПроХост го задржува правото да ја исклучи било која сметка за која смета дека го прекршува овој договор.

Верзија: 2.0
Последен пат изменето на: 04.05.2008

Copyright © 2006-2008 ProHost. Сите права задржани.